На вечерашното основачко собрание на тетовскиот огранок, Беса ја официјализираше кандидатурата на партискиот лидер Биљал Касами за градоначалник на Тетово.

-Тетово не бара импровизација во работата, бара системска работа. Општина Тетово не треба да вработува луѓе само за да пишуваат коментари на социјалните мрежи, платени медиуми за да нема критика и да не се кажува реалноста. Тетовчаните заслужуваат да знаат каде оди секој денар од општинската каса. Тетовчаните заслужуваат активно да учествуваат во трансформацијата на нивниот град. Овој град е толку важен и има толку можности – истакна Касами на партиското собрание