Министерот за здравство Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов, денеска ќе присуствува на седница на Владата на Република Бугарија.

На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа земјава да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција, велат од Министерството за здравство.

Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, земајава обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот, а во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.