Се наоѓаме во пикот од третиот бран на корона кризата истакна предмалку на прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.  Се менаџира во болниците затоа што во моментов во Скопје има 1100 пополнети болнички места. Сите интерни клиники сега се КОВИД центри. Со оваа координација имаме доволен број на слободни кревети за пациентите. Сите КОВИД центри се во функција. Се користат во Гевгелија, Велес, а спремни се овие модуларни одделенија во Прилеп и Битола, истакна Филипче.

Министерот додаде дека комисијата за заразни болести на база на најновите анализи констстирано е дека онаму каде имаша значајно зголемување на инциденцата сега има намалување. Ова значи дека оваа мерка останува иста и нема да се менува. Дефинитивните резултати ги очекуваме до крајот на оваа недела. Дополнителни рестрикции доколку треба ќе соопштиме на почетокот на следната недела.