На утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести било констатирано дека актуелните мерки и рестрикции односно полициски час по 22 треба да останат и истите нема потреба во овој момент да се надополнуват, соопшти на прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче потенцираше дека во изминатите 4 недели има константо зголемување на бројот на заразни со коронавирус.

„Во моментов 1100 болнички кревети се пополнети, притисокот во Скопје е голем, правиме сисстем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број на слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се ковид центри“, потенцираше министерто за здравство Венко Филипче.