Нема да отстапиме од тоа сите деца кои се примаат и во градинките и во основните училишта да бидат вакцинирани. Не смееме кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижиме или да направиме пропуст, па да ни се случуваат вакви епидемии со смртни случаи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека имал неформална средба со министерката за правда Рената Дескоска,  министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на која биле присутни и повеќе пратеници, дел од кои се доктори.

Разменивме мислења. Министерот за образование сакаше тоа прашање да го постави денеска на седницата на Владата за да добиеме и соодветни правни мислења од Секретаријатот за законодавство. Верувам дека до утрешниот ден ќе имаме еден усогласен став“, додаде Филипче.