Ќе дојдам на анкетната комисија да одговорам на прашањата на пратениците, вели поранешниот министер за здравство Венко Филипче во кратка изјава за „Канал 5“, прва по последниот од редот скандали околу Клиниката за онкологија.

Во времето додека бев министер, онколошките пациенти добија современа терапија и воведовме низа олеснувања за нив со што значително им го подобривме квалитетот на животот. Се надевем дека случајот ќе се расчисти во најкус рок затоа што довербата во Клиниката за онкологија не смее да биде нарушена, вели Филипче за „Канал 5“.