Венко Филипче сега лаже и за фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините против корона. Додека граѓаните во Европа и светот се вакцинираат против корона, бираат со каква вакцина сакаат да се вакцинираат, Филипче не може да набави фрижидери за чување на вакцините, а нема ни вакцини, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Кон средината на декември, односно на 13 декември минатата година Филипче изјави дека потребните фрижидери за чување на вакцината против корона ќе стигнат средина на јануари годинава, викендов пак вели „два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели“. Повторно лаже! Фрижидери уште нема! Филипче рече дека ќе има околу милион и двесте илјади вакцини или 800 илјади дози од Фајзер, по отприлика исто толку од КОВАКС механизмот и преку Европската делегација. Ама и нив ги нема. Освен лаги од Филипче нема ништо друго. Нема ни трага ни глас и од долгонајавуваните вакцини. Филипче вели не стигнале доволно колични на вакцини од Фајзер во земјите челенки на ЕУ, затоа немало и за нас. Си кажа и дека нема се уште ни договор со Фајзер или „за кратко време договорот ќе биде склучен“. А според Филипче целосно е подготвен системот во однос на складирање, план на дистрибуција, идентификување на критични групи според приоритет. А како тоа се е подготвено кога нема доволно фрижидери за складирање, а нема ни што да складира – нема вакцини! Филипче ниту го подгототви здравствениот систем да одговори на пандемијата, не набави соодветни лекови, лаже за вакцините, лаже за фрижидерите во кои треба да се скалидираат истите, истакнуваат од опозицијата.
Цената за неспособноста и лагите на Филипче е многу голема ја плаќаат граѓаните со својот живот, затоа одговорност и оставки мора да има, додаваат од таму.
Comments are closed for this post.