По скоро две години, полицијата го уапси осомничениот за убиството на младиот Бурим Идризи кој беше застрелан со калашников од автомобил во движење. Денеска на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го привеле Орхан Амети.

Идиризи беше застрелан на 20 декември 2017 година на улица „Џон Кенеди“ пред угостителски објект во близина на средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир.

Убиството се случи околу 18 часот, додека Идризи излегувал од своето возило на автобуската станица. Сторителот поминал со својот автомобил „југо“ покрај автобуската и додека возел го застрелал момчето со автоматско оружје „АК-47“.

Момчето почина на лице место, а осомничениот за убиството го остави автомобилот и избега. „Југото“ беше најдено на улица во населбата Топаанско поле, но убиецот беше во бегство до вчера. За неполни два месеци во оваа населба имаше неколку убиства, меѓусебните кавги се решаваа со пукање.