Веднаш по разрешувањето на Јово Вангеловски, Судскиот совет го избра судијата Фаик Арслани за в.д. претседател на Врховниот суд.

Покрај Вангеловски, на денешната седница на Судскиот совет беше разрешена и врховната судијка Рахилка Стојковска.

Предлогот за разрешување на двајцата врховни судии беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода пред две години. Разрешени се поради несовесно вршење на функцијата.