Редакцијата на Република и Пресинг ТВ неколкупати побара интервју од сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски. Тоа го направивме и официјално, но и лично до најблиските луѓе во неговиот кабинет. Кажано во модерен речник имавме само „seen“.

Сосема легитимно, тој самиот бира каде ќе се појави, откако веќе се појави на разни „шутели“ и портали кои се познати само во најблиските кругови на власта во заминување.

Го разбираме Пендаровски, и ние да сме на негово место не би прифатиле интервју знаејќи какви прашања поставуваме и дека кај нас нема „бомбона“ прашања со кои тој би поентирал и испаднал „манга“ каков каков што сака да се престави.

Па господине Пендаровски, еве ги прашањата кои планиравме да ви ги поставиме.И сега не е доцна да одговорите и како обичен граѓанин.

Дали сѐ уште стои зад изјавата дека „душата ќе му ја извадат на тој што би потпишал промена на името?

Дали уште е на ставот дека Гоце Делчев е Бугарин?

Дали сѐ уште мисли за поранешниот бугарски премиер Кирил Петков дека е Нелсон Мандела?

Дали е точно дека челниците на НАТО одбивале средби со него, а уште помалку сакале да споделуваат доверливи изјави откако „тропна“ дека знаеле кога Русија ќе ја нападне Украина?

Кој Пендаровски ја говори вистината за францускиот предлог.?Оној што на 11.6 2022 година изјави дека „Ние во Скопје тука немаме видено француски предлог“ или оној Стево кој на 30.7 2022 година гордо се пофали „па јас ги работев сите тие документи“?

За какви заслуги или поведение му ја намали казната на водачот на нарко кланот „Барон“ Бедри Зекири?

И за крај ќе го прашавме, дали кога го гледа претседателот на Србија Александар Вучиќ како се бори за својата земја не му е  малку непријатно?

За крај господине Пендаровски, ќе останете запаметени само како прв претседател на „Северна“ и ништо повеќе.Оној другиот збор „Македонија“ не го заслужувате.

Се виде дека не сте за претседател.Вашите претходници за вас и навистина се Нелсон Мандела“. Сега како обичен граѓанин можете да се вратите на она што најмногу ве биваше-политички аналитичар без никаква одговорност.За нешто повеќе се виде дека не сте.

Ви посакуваме добро здравје и мирна пензија. А да, сега конечно ја имате можноста да се иселите од Македонија.