Она што сите го најавуваа и што беше и повеќе од очигледно се остварува. Македонија на декемврискиот самит на ЕУ нема да добие датум за преговори. Бугарското вето ќе остане и притисокот што високи дипломати на Унијата го вршат нема да даде резултат.

Мора да се биде искрен и да се признае дека власта во Бугарија такава каква што е, техничка беше доследна во изјавите дека нема да дозволат Македонија да почне преговори и оти се е во рацете на претседателот Радев. Но, пред неколку дена и тој рече дека не се создадени услови да кренат рака за почеток на преговорите со соседот.

Причини за тоа има повеќе. Најголемата секако лежи во прашањата поврзани со историјата, јаикот и идентитетот кои се толку големи што ниту еден Заев не се осмелува да се согласи. А знаеме дека тој потишува се што ќе му дојде до рака.

Другата причина е што Македонија и не заслужува да почне преговори поради високото ниво на корупција.Да потсетиме дека се наоѓаме на 111 место според индексот на корумпираност.  Затоа и други земји , пред се Франција, Германија, Данска и Холандија ја користат Бугарија како параван бидејќи и тие не се согласуваат Македонија под водство на Заев да почне преговори.

Што прави власта во ваква ситуација

Откако владата на СДСМ и ДУИ со „Наркос методи“ успеаја да ја го блокираат гласањето за недоверба на владата, наместо да размислуваат за распуштање на Собранието, Заев денеска со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, кој пред десетина дена се потпиша за рушење на оваа влада сега најверојатно ќе стане дел од неа.

Се чека и Кастриот Реџепи дали истите дипломати што му кажаа да не ја руши владата бидејќи датум ќе има сега му се јавиле да му ја соопштат вистината.