Европската унија излезе со став околу барањето на Бугарија почетокот на преговорите на Македонија да биде условено со откажување од македонскиот јазик и малцинство.

Питер Стано, портпарол на ЕУ за надворешна политика за „Република“  објаснува дека Советот донел одлука за Македонија да поче преговори и оти изјавите на земјите-членки не можат да ја променат одлуката и покрај тоа што се приложени во финалниот заклучок.

Европскиот совет ја усвои едногласно одлуката на Советот за отворање на преговори за пристапување со  Македонија. Ставот на ЕУ е изразен во овие заклучоци на Советот. Еднострани изјави на земјите-членки не ги менуваат ваквите заклучоци-изјава за „Република“