Однесувањето на Европската унија со францускиот предлог е пресликано со настаните по изборите во 2016 година и промената на името. Актерите се различни, но сценариото е исто. За утре за кога е планирано да се гласа предлогот на Макрон и на Бугарија најавено е дека ќе дојде првиот човек на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен.

Таа ќе присуствува на собраниската седница додека се гласа предлогот во случај работите да тргнат во погрешна насока и некој од пратениците да не го даде гласот.

ЕУ не сака ништо да остави на случајот и затоа сите дипломатски сили се насочени предлогот за кој сите знаат дека не значи датум за почеток на преговори да помине.

На ЕУ очајно и е потребно да покаже некаков успех со Македонија па макар тоа било со решение кое значи преговори до недолед. И онака иднината на регионот ќе биде во некаква „втора лига“ на ЕУ во која ќе влезат Македонија, Србија, Косово и Босна. Единствено можеби Црна Гора ќе биде протуркана во членство во следните десетина години и тоа е тоа.

Сличен успех со Македонија сакаше да прикаже и претходниот состав на Европската комисија. Тогаш ЕУ со сите сили ја поддржна тогашната опозиција предводена од Зоран Заев. Наместо Фондер Лајен во главна улога беше високата претставничка Федерика Могерини. Таа дојде во Македонија да го убедува тогашниот претседател да му го даде мандатот за формирање на влада на Заев иако тој беше поразен на изборите.

Како капак на притисокот врз Македонија, Могериним како сега Фон Дер Лајен се појави во Нивици на потпишувањето на Договорот од Преспа со кој се промени уставното име на Македонија.