Јас не сум, и никогаш не сум бил член на политичка партија. Секогаш сум настојувал да градам професионална, а не партиска кариера. Со овој адут јас сум имун на контролата и влијанието на партиите врз мојата личност и професионален профил на разузнавач кој работи за доброто на својата држава и нејзините граѓани, вели во интрвју за Дојче веле нвоиот директор на Агецијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Ова, според него, е третиот адут за функцијата. Првиот, пак, е професионалност проследена со развој и напредување во службата, а вториот, визијата и новите предизвици.

Во врска со настаните во „Диво насеље“ од мај 2915, но и тие од 27 април 2017 година во кои беа споменувани и инволвирани припадници на Агенцијата, Муслиу, меѓу другото, вели:

За жал, навистина се работи за два исклучително немили настани, кои ќе останат запаметени во меморијата на сите нас кои го минуваме овој период од развојот на демократијата во нашата држава. Двата настани се случија во многу чувствителни политички моменти и делумно произлегоа од погрешното раководење со безбедносните служби. Секако дека се работи за две темни сенки и во професионалната работа на безбедносниот сектор во кој припаѓа и АР. Самиот факт што и во двата настани се спомнува инволвираност на припадници и на АР во разни фази и нивоа од постапувањето и раководењето со активностите на инволвираните, покажува дека состојбата во безбедносниот сектор била надвор од контрола и сите професионални стандарди. Факт е дека ниту АР ниту Република Северна Македонија, нема да оди напред без расветлувањето на овие случаи. Некои работи едноставно не се забораваат, е сега како можам јас како поединец да ги избришам темните сенки од овие два немили настани проследени со човечки жртви, нанесена физичка болка и уништување на имот? Можам да потенцирам дека целосно ќе се ставам на располагање и ќе соработувам со ОЈО заради расветлување на сите дилеми околу институционалната одговорност во двата случаи.

Во врска со забелешките на ДУИ околу неговиот избор за директор на Агенцијата, Муслиу признава дека тоа за него било изненадување, зашто неговото име никогаш не било споменато во контекст на „Кумановските настани“.

Изненадување е и фактот што ДУИ молчеше за „одговорноста“ сѐ до моето именување. Но, доколку располагаат со други информации и факти од оние со кои располага ОЈО, јас сум подготвен да се разјаснат истите. Еве, да одговорам конкретно на прашањето: најодговорно тврдам дека на никаков начин не сум вмешан во настаните, ниту пак моето име беше спомнато во овој контекст. Но, од позиција на директор на АР, должност ми е да се залагам за целосно расчистување на овие настани. Дополнително, Еролд Муслиу никогаш не бил дел, ниту пак работел и служел на лични служби и лични интереси, секогаш работел и ќе продолжи во тој правец да им служи на својата држава и граѓаните, изјави Муслиу.