Јас како и секој граѓанин на Република Македонија, кој на 27 април 2017 година наполнил 14 години, поднесов барање за амнестија согласно Законот за амнестија, изјави за Пресинг ТВ Еленко Миланов.

Тој е инаку бранител на Мунир Пепиќ и Игор Дурловски, обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание и е еден од 62 лица кои поднеле барање за амнестија.

Зошто поднесов барање за амнестија? За да го предизвикам Законот кој има повеќе недоследности. Конкретно ја ги потенцирам тие 5 дена кои беа оставени на лицата кои сакаат да се пријават за амнестија. Ова не е пракса во ваков тип закони, затоа што се поставува прашање  -А што ако некој не се пријавил? Ќе го судат? Тогаш зошто е амнестија?!, во чудење прашува Миланов.

Тој во телефонскиот разговор ни рече дека барањето го поднел до Кривичниот совет, но рече дека во моментов сака да биде дискретен и да не ја објавува целата содржина на неговото барање.

Но, суштината е таа, тој рок од 5 дена е смешен и јас го предизвикувам. Потоа, јас се пријавив, зашто како и секој граѓанин можам да се прашам – дали можеби некого сум турнал на 27 април, па да ме тужи, а јас не сум на списокот за амнестија? – вели адвокатот.

Според Миланов, Законот за амнестија од вчера веќе не важи за никого, освен за тие 62-ца што се пријавиле, што според него е правен нос сенс.

Инаку, пред почетокот на денешното рочиште во Кривичниот суд претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска го праша Миланов дали можеби е обвинет за настаните од 27 април.
Ваше законско право е да поднесете барање за амнестија, но не знам по кој основ е. Дали можеби и вие сте обвинети, праша судијката Кацарска.

Рочиштето требаше да продолжи со изнесување дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров и Игор Југ, но поради важечката амнестија судијката Кацарска побара да одлучат обвинетите дали доказите да се изведат денеска или на следното рочиште кога, како што рече, ќе се знае дали некој е амнестиран или не.Обвинителката Ивана Трајчева побара доказите сепак да се изведат, а тоа го поддржа и поголем дел од одбраната на обвинетите. Да продолжи изведувањето на доказите побараа и обвинетите Јане Ченто и Игор Југ, кои не поднесоа барање за амнестија.

Судот одлучи да продолжи изведувањето на доказите од одбраната на обвинетиот Душко Лазаров.

Пртходно адвокатот Сашко Дуковски, бранител на обвинетиот Митко Чавков посочи дека на 27 април немало ангажирано доплнителни полициски сили, бидејќи било одбиено одобреното барање за ангажирање 50 полицајци што било попишано од директорот на БЈБ Митко Чавков
Тоа го изведовме во петокот. МВР трбаше да го достави до Судот, а не да се впушта во оценки, рече Дукоски и додаде дека го повлекуваат доказот со оглед на тоа што МВР го доставило до Судот.