Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес конференција објави дека синот на пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, Виктор Стојчевски од денеска е вработен во компанијата во државна сопственост АД ЕЛЕМ.

Од АД ЕЛЕМ попладнево преку соопштение ја потврдија информацијата.

„АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби“, се наведува во соопштението на компанијата.