Во изминатото деноноќие Ел Чека преку фејсбук повторно почна да објавува незаконско прислушувани телефонски разговори.
Во еден од разговорите тврди дека се слушаат гласовите на Али Ахмети и Муса Џафери, кои како што посочува зборувале за потпишувања спротивно на законите.
И во другиот објавен разговор тврди дека главен лик е Муса Џафери.
Како што најави 28 годишниот Ахмеди Шеќерим од Кичево, кој во моментов се наоѓа во Чикаго новите „бомби“ ги пушта во раните утрински часови.
Ел Чека, пред извесно време посочи дека бомбите ги објавува по наредба на осудените од Диво Насеље кои сега бараат меѓународна истрага. Го предупреди премиерот Зоран Заев да внимава на осудените за овој случај.
Пред десетина дена Основното јавно обвинителство достави кривична пријава до кичевското Обвинителство против лицето Ел Чека за неовластено прислушување и тонско снимање според членовите 151 и 152 од Кривичниот законик.
Според пријавата, Ел Чека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД, а негова пријавена адреса на живеење е во кичевското село Туин. Обвинителството побара и меѓународна правна помош со цел обезбедување потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Обвинителството се обратило и до надлежните органи во САД да преземат законски дејства во насока нa спречување натамошно објавување на сниманите материјали.
Специјалната обвинителка, Катица Јанева пак минатат недела излезе со изјава дека дел од „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека ги имаат и тие, и дека не може да гарантира дали се излезени од кај нив. По бурните реакци во јавноста наредниот ден СЈО преку соопштение ја правдаше Јанева дека „бомбите“ не излегле од тоа обвинителство.
Comments are closed for this post.