Денес, 28 април, е уште едно потсетување дека пред дваесет и една година во заседа кај Вејце ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.
Единствена Македонија го повикува министерот во МВР Спасовски најпосле да се охрабри и по 21 година од злосторството кај Вејце да ги сподели со јавноста информациите, како и од кого беа убиени и предадени бранителите во заседа во која мораа да загинат.
Во МВР има документ од кој може да се види кој се нарачателите и извршителите, таа терористичко-диверзантска група како е обучувана на Косово и е пратена тука да го изврши масакрот. Дури, и за собранискиот спикер Талат Џафери кој од касарната во Тетово како тогашен официр на АРМ кој контактирал со терористичката група и известувал за движењето на бранителите, односно, фатени се негови сигнали од касарната во Тетово како го прикажува движењето на групата.
Нема никакво оправдување по 21 година да се крие вистината, без оглед на фактот што еден дел од членовите на терористичката група лоцирана кај Вејце која ги чекала во заседа бранителите, како и Талат Џафери, сите заедно станаа државни функционери.
Во краен случај, расчистувањето е во интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за државата, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколу минатото и понатаму не прогонува, односно, неправедната загуба на бранителите останува неразјаснета!
Comments are closed for this post.