„Павле Богоевски се уште е пратеник. Не сака да се повлече ниту од морални, ниту од здравствени причини. Ние пак не сакаме избраник на граѓаните да носи одлуки со поматена свест. Не сакаме да се вознемирува кога нема да му биде средено убаво она пола кое што го нарачува“, изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера ти оставивме бело брашно ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле “белото”. Еве денес пак бел прашак. Пак имаш цело кило. Можеш да переш алишта ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос“, рече аПопов.
Тој потенцираше дека масло од канабис се купува во аптека и дека нема потреба нелегално по телефон да се нарачува.
„И немој Павле да се тестираш за наркотици. Нека збори народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашак. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина“, рече Попов.
Comments are closed for this post.