Досегашниот директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банката, објавува Прес 24.

Тој поднесе оставка на досегашната функција потенцирајќи дека не се повлекува поради најавената „метла“ од владата, туку поради нова функција.

Апсолутно, нема врска со метлата. Ми кажаа дека медиумите пишувале дека има негативно мислење од Владата. Ако проверите, ќе видите дека мислењето за последниот поднесен извештај е позитивно во целост. Не би сакал повеќе да коментира, сакам само да се верификува оставката. Одам на друга функција“, вели Трајковски.