Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември.

Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.

Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам” – потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура.

Вчера беше направен обид за разрешување на Катица Јанева но мнозинството на СДСМ и ДУИ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред.

Минатата недела Комисијата за избори и именување донесе едногласна одлука за разрешување на специјалајната обвинителка откако го разгледа извештајот на Советот на јавни обвинители. Доколку Собранието со двотретинско мнозинство донесе одлука за разрешува постапката повторно се враќа во Советот.