Претседателот Талат Џафери се мисли дали да закаже седница за одземање на имунитетот на поранешниот спикер Трајко Вељаноски откако синоќа надлежната комисија не донесе одлука.

Рокот до кога Џафери треба да ја закаже седницата е до полноќ и потоа пратениците имаат три дена да донесат одлука.

Собранието се најде во ваква ситуација откако Комисијата за мандатно имунитетни прашања синоќа со 4-4 не донесе одлука за одземање на неговиот имунитет откако поради обвинение за настаните од 27 април.

Задачата на Комисијата е да предложи на пратениците  одземање на мандат на пратеник но сега тоа е случај.

На почетокот на февруари истата комисија донесе одлука за одземање на мандатот на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски. Потоа Џафери ја закажа седница и таа веднаш беше прекината. До сега нема закажано продолжение на седницата за ова прашање.