Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања не му го одзеде мандатот на поранешниот претседател на Парламентот Трајко Вељаноски. Резултатот беше 4-4, а деветиот член кој требаше да одлучува, Агим Шакири од ДУИ не се појави на седницата.

Со тоа нема основ одземањето на неговиот имунитет да биде ставен на пленарна седница. Вењаноски е обвинет од страна за судот за настаните од 27 април.

Но, така не смета претседателот на Комисија Павле Богоевски кој вели дека за тоа ќе одлучуваат пратениците.

Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави“, рече Богоевски.