Сведочењето на актулениот претседател на Собранието Талат Џафери само го потврди она што веќе подолго време се коментира во судската и политичката јавност дека ова обвинение е на стаклени нозе и дека единствена правилна одлука за обвинетите треба да биде ослободување од вина.

Обвинителката Вилма Рускоска досега не докажа дека има „тероризам и загрозување на уставниот поредок“, туку напротив дека конститутивната седница течела според Деловникот.

Она што досега се тврдеше дека Вељаноски не ги спречил пратениците Зекирија и Мукоски да излезат на говорница и да ја пеат албанската и македонската химна падна во вода откако Џафери беше јасен дека на сите пријавени пратеници мора да им се даде збор.

Исто така Џафери беше дециден дека никогаш немало пракса да се прекине една точка и да се прејде на друга без да се исцрпат сите пријавени како што бараше тогашната опозиција и веднаш да се прејде на точката за избор на Спикер.

Не се случило и не било побарано, кратко одговори Џафери.

Џафери потврди дека Вељаноски исто така немал техничка можност да го исклучи микрофонот на пратениците пријавени за збор и оти тоа било воведено кога тој дошол на чело на Собранието.

Она што единствено Џафери не беше до крај јасен е тоа дали знаел дека на 27 април 2017 знаел за барањето на 31 пратеник доставено до собраниските служби за продолжување на седницата следниот ден врз основа на што Вељаноски ја прекина сединицата и ја закажа за 28 април во 11 часот.

Лично сознание немам. Можно да е пратено до службите, но јас не знам бидејќи повремено доаѓав во Собранието поради смртен случај во семејството, одговори Џафери.