Како што најави министерот Филипче на денешната прес-конференција донесена е одлука за препорака на нови мерки, а таа подразбира забрана за семејни поголеми прослави и забави во домашни услови, како што се  славите и разно-разните забави на кое е дозволено присуство на најмногу 4 луѓе, односно оние кои живеат таму и уште четворица други.

Со оваа забрана дополнително ќе се избегне забавите од кафулињата и угостителските објекти да се префрлат во домашни услови. После 22 часот се забранува групирање на јавни места, односно во паркови, бензински и каде било… Се воведува ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење маска или заштитна опрема т.е. прекривка на носот и устата и на затворено и на отворено, исклучок е при спортување на отворен и затворен простор, во возило ако сите се од едно семејство, при седење во угостителски објекти, при престој во службени птростории ако лицето е само со обавезно почитување на протоколите за дистанца. Исклучок ова се и децата до 6 години во претшколска возраст, рече Филипче и најави дека овие препораки ќе бидат доставени до Владата.