Собранискиот спикер, Талат Џафери денеска призна дека ги пцуел и навредувал вработените но оти така се однесувал бидејќи собраниските служби не си ја работеле својата работа, па затоа употребил навредливи зборови.

-Ако некој смета дека треба работното време да го мине на ул. Македонија, сметам дека тоа не му треба на собранието, ниту на граѓаните. Тие треба да се на своите работни места осум часа, изјави Џафери.

Тој има јасен став дека нема да се извини.

-Не чувствувам потреба дека треба да се извинам за случајот, додаде Џафери.