Претседателот на Собранието, Талат Џафери на албански јазик ја почна седницата на Комисијата за уставни прашања.

Дневниот ред е утврден. Комисиската расправа може да трае максимум десет дена. 30 минути може да зборува координатор на пратеничка група, а 20 минути член на комисијата.

Владата до Собранието му испрати предлог за четири уставни амандмани – за додавање на додавката Северна во името Република Македонија, за измени во Преамбулата и за измени во членовите 3 и 49. Според роковите пропишани во Деловникот, целата постапка за уставни измени може да заврши најрано за три и пол месеци, но претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот, на 20 пратенци и на претседателот на Собранието.

Премиерот Зоран Заев кој ги образложува уставните амандмани побара поддршка од сите пратеници и рече дека со овој Договор референцата ФИРОМ заминува во историјата.

Во Договорот нема ништо спорно согласно меѓународното право.Сите пратеници без разлика на која партија и припиаѓаат имаат одговорност да и обезбедат на Република Македонија стабилност, безбедност и приоритет, рече Заев пред пратениците.