Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ги заклучи вратите од собраниската сала.

Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание! – објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на својот фејсук профил.

Тој вели дека секогаш кога треба да се произнесат за точка од дневен ред Џафери ја заклучува вратата.

Ова се случило неколку пати денеска, кое, како што тврдат пратениците е спротивно на Деловникот. Велат заклучувањето е недемократско, ограничено им е слободното движење и најавуваат дека ќе пријават во полиција.

-Автократот Талат Џафери кој ја узурпираше позицијата претседател на Собрание ги исклучи микрофоните поради што ќе има тонски запис смао од неговото обраќање. Спротивно на деловникот тој денеска неколкупати ги заклучи вратите од собраниската сала за да не можат пратениците кои што се надвор од нејзе да влезат и да се пријават за збор. Ова е срамота, насилие – вели пратеникот Бојан Стојановски.