Еден возач и еден пешак го загубија животот, две други лица се здобиле со тешки телесни повреди, во вкупно 15 сообраќајки што се случиле вчера во Скопје. Во несреќите имало и 12 полесно повредени.

По преземените активности и мерки на подрачјето на Скопје,од полицијата информираат дека исклучени од сообраќај биле вкупно 13 возачи. Четворица од нив управувале возило под дејство на алкохол, седум биле без возачка дозвола, додека двајца биле возачи почетници. Исклучени од сообраќај се шест нерегистрирани возила.