СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г. (34) и А.В. (39), двајцата од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопштија од МВР, на 13. месецов во населба Лагадин во Охрид“ полициски службеници извршиле преглед на патнички возила сопственост на пријавените и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.