Двајца пациени примени во Градската општа болница „8 Септември“ по автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово се наоѓаат во критична состојба, информираат од болницата.
Како што соопшти директорот, д-р Христијан Костов, два пациента од одделот за траума се качени на одделот за интензивно лекување заради опсервација, додека еден пациент, поради влошување на здравствената состојба е префрлен на КАРИЛ.
Во болницата се згрижени вкупно петмина пациенти на интензивна нега, од кои двајца се на механичка вентилација, а двајца на опсервација.
Возраста на пациентите е од 15 до 65 години, но поголемиот дел се млади луѓе, а нивната здравствена состојба постојано будно се следи, соопшти докторот.
Во шок соба моментално се сместени двајца пациенти, кои се поставени на механичка вентилација со неуротраума, двајца нови пациенти кои се префрлени од Траума-центарот, како и една претходно оперирана пациентка на која и беше извадена слезината и која е во стабилна општа состојба. Во моментов во критична состојба се двајцата што се на механичка вентилација со неуротраума. Другите се во добра општа состојба. Двајца од пациентите се качени од Одделот од траума центарот на Одделот за инвазивно лекување заради опсервација. Едниот од нив е на 15 годишна возраст, а другиот на 40 години. Кај нив има лесна промена на крвната слика, но се под контрола и се прават дополнителни испитувања. Засега се во стабилна состојба, посочи Костов.
Директорото Косотов нагласи дека бројката на хоспитализирани лица од сообраќајката е се уште иста 28, а промени има само во преносот на различни одделенија. Другите повредни пациенти, посочи, се во добра општа состојба.
Comments are closed for this post.