Двајца македонски државјани се потешко повредени, а шест други се здобиле со полесни повреди при сообраќајна несреќа на македонски патнички автобус. Несреќата се случила во близина на австрискиот град Линц, кога товарен камиот што превезувал дрва, удрил во автобусот. Потврда за повредените дојде и од македонското министерство за надворешни работи.

Колегите од Амбасадата на Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои двајца се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот – велат од МНР, пренесува порталот Нова Тв.

Според австриските медиуми, сите повредени биле згрижени во болница.

До судирот дошло кога автобусот застанал поради дефект, по што во него удрил камионот. Кабината на камионот се превртела кабината, а возачот останал заробен. На местото пристигнале спасувачки екипи и тешко повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.