Оперскиот пејач и поранешен директор на МОБ,  Игор Дурловски ја испеа химната на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

„Ќе живее Македонија“, порача Дурловски на крајот од изведбата.

Митингот на ВМРО-ДПМНЕ се одржува пред зградата на Владата.

Дурловски беше еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“ , кој доби ослободителна пресуда за настаните во Собранието од 27 април.