Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки не демантира дека е набавена телефонска централа, но во изјава за Пресинг ТВ тој вели дека „уште не ги знае нејзините спецификации“. Тоа конкретно се однесува на наводите дека централата има можност да ги снима разговорите на хард диск кој има капацитет од 90 гигабајти.
Ни на крај памет не ми паѓа да ги снимам вработените во Министерството, вели министерот Дураки.
На прашањето на Пресинг ТВ, дали бил запознаен со тендерската постапка и зошто во министерството за екологија имало потреба да се постави таква апаратура, односно да се следат комуникации, тој вели дека бил запознаен со постапката.
Јас бев запознаен со постапката, но во моментов не можам да зборувам за спецификациите на телефонската централа. Деновиве ќе имам увид во спецификациите и јавно ќе кажам за тоа. Овде се е транспарентно, немам што да кријам. Но, јас ви кажувам дека ни на крај памет не ми е да ги снимам разговорите на моите вработени, изјави Дураки за Пресинг ТВ, откако претходно одби да даде изјава пред камера, велејќи дека наскоро се што има ќе каже на прес-конференција.
Тој додаде дека Министерството има потреба од телекомуникациска опрема, но категоричен беше дека немало планови за набавка на уреди за снимање.
Инаку, ова Министерство во ноември преку јавна набавка набавило телефонска централа со можност за снимање на разговорите. Тендерот е во висина од 1,7 милиони денари го добила Телеком како компанија која понудила најниска понуда.
Договорот е склучен на 6 ноември, а централата имала вградена опрема за снимање и прислушкување на разговори и посебен софтвер за контрола.
Овој случај добива на актуелност ако се земе превид аферата која минатата недела беше лансирана од државниот јавен обвинител, Љубомир Јовевски кој откри дека од 30 септември 2016 до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонските централи во Јавното обвинителство на РМ. Како што кажа Јовевски, на два хард диска се снимани сите снимани комуникации. Премиерот Зоран Заев , рече дека покрај телефоните во Јавното обвинителство, прислушувани биле и оние во Скопскиот суд 1.
Во меѓу време детална проверка на централата нарачана е и во Министерството за правда од страна на Рената Дескоска.
Comments are closed for this post.