Лука и Јасмина се дел од 20-тината новородени деца чии имиња и презимиња се првите кои се поставени на плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот Скопје.

Со ова, Градот Скопје симболично ја најави акцијата „Дрво за секое дете“ што ја спроведува со болниците и гинеколошко-акушерските клиники во Скопје.

Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња, рече градоначалникот Петре Шилегов кој додаде дека плочките се поставени со јазик кој ќе го изберат родителите македонски, албански, турски, ромски… нема никакви предрасуди, рече скопскиот градоналачник.

Родителите кои сакаат нивното дете да има дрво на кое ќе стојат неговите податоци ќе може да се пријават во Град Скопје, а ќе се засади во текот на сезонските акции за зазеленување на градот.