Паднати дрвја преку лента на Партизанска е дел од билансот на штета предизвикана од силниот ветер што го зафати Скопје и што на места достигна и до деведесетина километри на час.
Инцидентот се случи во населбата Карпош, а сликите од масивното дрво испружено преку велосипдската патека и првата лента на булеварот, ги објавија членовите на фејзбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.
За среќа, ова паднато дрво не предизвика некоја повреда на велосипедисти или минувачи.
Comments are closed for this post.