Градските власти се тркаат со времето за да организираат пречек на ниво за европските шампиони во ракомет. Се е кренато на нозе – од градски власти до полиција затоа што ќе има посебен сообраќаен режим, а дополнителен проблем е престојот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтнеберг во Скопје, заради што има дополнителни безбедносни мерки .

Од тие причини и анагажирањето на дрон за снимање од птичја перспектива е поврзано со Столтенберг, зашто додека е тој во македонската престолнина не смее ништо да лета, освен безбедносните воздухоплови, Тоа значи дека дронот или повеќето дронови ангаќирање за преносот, ќе мора да бидат приземјени најрано до 19 часот, а може и подоцна.

Но, организаторите истакнуваат дека се се прави за да има достоен пречек за екипата на „Вардар“.