Се уште не стивнале реакциите од помпeзното отворање на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, на социјалните мрежи се уште се објавуваат реакции и документи за ликот и делото на патронот на клубот, наводно требаше „пријателски да ги поврзе Бугарија и Македонија“.
Американски разузнавачки документи на ЦИА од 1945 година се појавија на социјалните мрежи во кои Иван Ванчо Михајлов е опишан како потрчко на германските нацисти и една од нивните врски со профашистичка Бугарија.
Бугарскиот клуб и ликот на Ванчо Михајлов, кои треба да ни ги отворат патиштата кон ЕУ, преку Бугарија, не кореспондираат со вистината и не придонесуваат за тоа што Бугарија го бара од Македонија, да се бришат фразите „фашисти и окупатори“ од спомениците и учебниците во Република Македонија.
Comments are closed for this post.