Руското министерство за надворешни работи соопшти дека, доцна синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слетал авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Лавров бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

Рускиот шеф на дипломатијата ќе присуствува на Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

Неговото доаѓање беше неизвесно до последен момент.Не е познато каде Лавров престојува ниту колку време ќе се задржи во Македонија.