Целосната надлежност за контролната и оперативната фаза на тетовската модуларна болница била на општина Тетово, директорот на болницата и комунални инспектори, покажува тендерската документација што ја објави „Дојче веле“.

Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка го спроведувале, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста на модуларните болници.

Документите насловени „План за еколошки и социјален менаџмент“ на модуларните болници, објавени во октомври 2020 година во подробности ги опфаќаат фазите на изградба на модуларните болници, нивното одржување и контрола за секоја од нив поединечно.

Додека се чекаат резултатите од истрагата која треба да одговори на многу прашања во врска со смртта на 14 пациенти и нивните роднини во тетовскиот ковид-центар на 8 септември годинава, истражувањето на ДВ во документацијата за проектот расчистува некои дилеми во однос на надлежноста и одговорноста за контролата на изградбата, функционалноста и заштитните механизми.

Повеќе на ДВ