Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од пет до 13 Целзиусови степени, додека дневните од 25 до 31 Целзиусов степен.

Според синоптичарите, топлото и ведро време ќе се задржи до средината на идната недела, однпосно до четврток кога ќе се зголемат условите за локален дожд.