Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за уставните амандмани побара во преамбулата на Уставот да влезат три како што рече значајни документи.
Тој бара во Преамбулата да влезе воениот устав од Кресненското востание, документот напишан од Гоце Делчев и Ѓорче Петров кој бил устав на тајната македонскоодринска организација, како и тоа во Преамбулата да влезе Уставот од 1991 година.
Македонскиот народ постојано има чувство дека нешто губи. Да не ги гледаме црно-бело работите, рече Димовски.
Денеска втор ден расправа во Комисијата за уставни прашања за предложените уставни измени.
Предложени се четири амандмани, а еден веќе го помина комисискиот филтер, кој се однесува на замена на зборовите „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“.
Comments are closed for this post.