Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната дебата за уставните измени, истакна дека не можеме да си ја смениме географијата и соседите и дека не можеме да влијаеме врз историјата.

Сепак, Димитров е јасен дека можеме да влијаеме врз иднината и да преземеме одговорност.

Во овој процес влеговме мислејќи на одговорноста кон следните генерации гледајќи додека ние чекаме другите држави одат напред. Мораме да преземеме одговорност – нагласува Димитров.