На покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во понеделник, на 25 февруари 2019 година, ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.

На средбата со домаќинот Захариева, ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес.

Во рамките на посетата, предвидено е Димитров да биде примен и од претседателот на Бугарија, Румен Радев.