На покана на реномираниот магазин „Економист“, денеска во Атина, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше во работата на 23-та тркалезна маса насловена „Европа: оставајќи ја неодлучноста зад себе“?
Тој заедно со поранешниот грчки шеф на дипломатијата Јоргос Катругалос и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пјат зборуваше на панелот насловен како „Предизвици во надворешната политика “, на кој се дискутираше за состојбата на Балканот по Преспанскиот договор, како и за енергетските предзивици кои влијаат врз регионалната геополитика.
Во контекст на билатералните односи со Грција и Преспанскиот договор, министерот Димитров истакна:
Не мислам дека постои поприродна врска меѓу двете држави освен да бидеме сојузници и стратешки партнери. Ние мораме да развиеме чувство овде во Атина со новата влада дека ова не е товар, туку можност. И ние ќе го направиме тоа“.
Димитров, како што објави „Ефимерида“ подвлекол дека „сме изгубиле една генерација и можности и за нас и за Грција.
Возбуден сум. Беше многу тешко, но создадовме клима на доверба и сега нашите добри односи се основа. Во тоа успеавме со тоа што го зацврстивме односите со нашите пријатели во САД и направивме модел кој го следат другите“, го цитира „Ефимерида“ македонскиот министер за надворешни работи.
Весникот подвлекува дека Димитров порачал оти по смената на власта, треба да има континуитет на новата влада.
Мора да го негуваме тоа чувство. Ќе се состанам со мојот колега Дендиас. Ќе има многу можности“, рекол Димитров.
Инаку, грчкиот министер се наоѓа во посета на САД.
Comments are closed for this post.