Никој немаше да биде под истрага ако не беше притисокот на меѓународната заедница за да се расчисти со овој криминал. Како што сум информиран меѓународната заедница во понеделникот попладне извршила уште едeн притисок кога видела дека намерaта е да се затскријат главните и да одговараат само извршителите. Пораката е дека овој случај внимателно ќе се следи и нема да се дозволи криминалот да остане недопрен и неказнет“, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во последната колумна за „Независен весник“, осврнувајќи се на случајот „Рекет“.

Тоа е така додава тој затоа што основа на меѓународните добри пракси на западниот свет е владеење на правото и тие никогаш нема да дозволат тоа да не се почитува.

Може „капо ди тути капи“ да лаже дома колку сака дека има поддршка и да ја злоупотребува меѓународната заедница, но фактите и реалноста го демантираат. Според она што се слуша низ чаршијата ова е само врвот на ледената санта која е многу подлабока и во која се вклучени врвни поединци од СДСМ на чело со „капо ди тути капи“ кој бил постиојано информиран и во тек со се. Знаел сe. Затоа Обвинителството треба и него да го повика на распит и да отвори истрага за неговата вклученост во овој рекет. Најверојатно ќе се утврди дека е на врвот на пирамидата. За почеток, нека погледнат во дневниците за средби на премиерот  и безбедносните камери на Владата и на СДСМ, во просек еднаш до два пати неделно „капо ди тути капи“  имал долги средби со првоосомничениот. Што договарале на тие средби и што координирале. Дали можеби „капо ди тути капи“ му давал насоки кој да биде следната жртва? Дали му давал упатства како еден негов градоначалник да се гледа со жртвите во Грција и таму да го собира рекетот? Овие и многу слични прашања ги зборува чаршијата и редно е да ги отвори Обвинителството низ една правна процедура“, вели Николоски.

Случајот со изнудувањето пари од македонски бизнисмени, наводната вмешаност на обвинители и високи политички функционери е една од главните причини за недобивање на датум за старт на преговорите со ЕУ, откриваат дипломатски извори за Пресинг ТВ. Брисел уште пред неколку месеци бил информиран за рекетот кој се прави во Македонија, а како што дознаваме ваквата информација дотаму стигнала од една соседна држава членка на ЕУ. Песимизам постои кај дипломатските извори и за добивање на датум во октомври.