Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека слушнал за оставката на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, но од Атина добил уверување дека остануваат посветени на завршување на процесот со Преспанскиот договор. Тој веднаш по веста за оставката комуницирал со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.
„Ја видов веста за министерот за одбрана, Панос Каменос кој ја напушти Владата.Имав веднаш кратка коресподенција со мојот колега Катругалос и добив уверување дека грчката влада останува силно посветена да ја заврши работата со преспанскиот договор. И мислам дека покорисно е да упатуваме порака дека е време двете држави кои се соседни земји да го направат овој исчекор кон блиско пријателство и идни сојузници“, изјави Димитров.
Comments are closed for this post.