Минитерот за надворешни работи се пофали дека Македонија добила датум за преговори иако Европскиот совет не одреди датум кога тие ќе почнат.

Министерот на својот Фејсбук профил напиша дека европските лидери вчера вечер ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Македонија.

Задоволство изрази и хрватскиот премиер Пленковиќ.

 Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со што е остварен еден од приоритетите на хрватското претседателство. Тоа покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности, напиша хрватскиот премиер Пленковиќ на Твитер