Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, на денешното барање за негова интерпелација на седницата во Собранието рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните пандани во Бугарија звучат исто кога го обвинуваат.

Таму велат дека сум поопасен од корона-вурусот, човек кој ги ослабнува бугарските позиции, човек кој го одбил понудениот анекс.  Потписниците се обрзани да помогнат, а не да го блокираат нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното.  Од неевропското однесување на соседот не требаше да правите дневно-политички перформанс. Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Таква беше лагата за Данска и Холандија, рече Димитров.

Вицепремиерот ги нарече поднесувачите на интерпелација „лажни патриоти“ кои имагинарно ги прославуваат „дипломатските порази“ и дека немаат елементарно познавање на процесите, а при тоа подвлече дека извештаите за „заробена држава“ се претвориле во извештаи за „светол пример“

Зошто сум обвинет? Затоа што не испорачав преговори по секоја цена. Мене ме обвинувате што Бугарија го прекрши членот 2 од договорот, каде што се обврза да ни помага во евроинтеграциите, рече претходно поранешниот министер за надворешни работи.