Мојата реакција беше во одбрана на македонскиот народ а не во навреда, рече денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров во одбрана на својата интерпелација пред пратениците. Тој го образложуваше делот што беше и повод за опозицијата да побара негова смена од функцијата каде што ја нарече македонската нација искомплексирана.

Димитров во своето обраќање читаше изјави на грчки политичари од опозицијата во кои тие ја критикуваат тамошната власт  дека им признала македонски народ и јазик. Исто така ги читаше изјавите на европските челници во кои ја истакнуваат важноста на Договорот од Преспа.